Во Македонија ќе се развива производствен систем на квалитетни сорти ориз за зголемен приход на производителите на ориз и за подобар пласман на тој земјоделски производ, преку размена на искуства со Турската агенција за соработка и координација за развој на производството и квалитетот на оризот (ТИКА). За реализација на ова, треба да се спроведе проект за развој на производството и квалитетот на оризот, чија основа е протоколот за соработка што во Скопје го потпишаа македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски и претседателот на Секторот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Али Маскан. Се планира да се набават нови семенски сорти и генотипови ориз за истражувачки цели од Турција погодни за агроеколошките услови во Македонија. За следење и реализација на двегодишниот протокол ќе се формира управен комитет со претставници од Турција и од Македонија. Комитетот ќе заседава најмалку двапати годишно, а со него ќе претседава македонскиот министер за земјоделство.
Во Македонија ќе се развива производствен систем на квалитетни сорти ориз за зголемен приход на производителите на ориз и за подобар пласман на тој земјоделски производ, преку размена на искуства со Турската агенција за соработка и координација за развој на производството и квалитетот на оризот (ТИКА).
За реализација на ова, треба да се спроведе проект за развој на производството и квалитетот на оризот, чија основа е протоколот за соработка што во Скопје го потпишаа македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски и претседателот на Секторот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Али Маскан.
- Се планира да се набават нови семенски сорти и генотипови ориз за истражувачки цели од Турција погодни за агроеколошките услови во Македонија - рече Димовски.
За следење и реализација на двегодишниот протокол ќе се формира управен комитет со претставници од Турција и од Македонија. Комитетот ќе заседава најмалку двапати годишно, а со него ќе претседава македонскиот министер за земјоделство.
Маскан посочи дека претходно се реализираше проект за развој на пчеларството, што успеа да влезе меѓу првите десет од страна на УНДП.
- Ќе продолжиме со истиот успех и во иднина. Има многу работи кои треба да ги научиме меѓусебно. Ќе продолжиме со реализација на различни проекти од различни области со цел да разменуваме искуства - наведе Маскан.